еМагазин
Image default
Македонија

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

– Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани.

Дури 54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, се вели во соопштението од МЗ.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 8.062: Од Ковид-19 починале 3 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

Продолжува судењето за тортурата при апсењето на Бошкоски

Редакција

Над 100 полициски службеници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на границата со Грција

Редакција