еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи ги пријавил пораките со закани и притисоци во институциите, добил и обезбедување

Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, денеска изјави дека на денот кога во Собранието требало да се гласа за доверба на Владата, додека му биле исклучени телефоните добивал пораки, кои се пријавени во институциите, и по проценка, а не на негово барање добил обезбедување.

– Пораките се пријавени. Не можам да ви кажам име и презиме, бидејќи е процедура и не сакам да наштетам на процесот. Се консултирав како треба да постапам и постапував по нив, зборувам за пораки со закани по живот, да не зборувам за други пораки и притисоци, изјави Реџепи.

Тој додаде дека, првично мислел да присуствува на собраниската седница, да земе збор и да гласа против, но дека се уште не сме скандинавска земја и демократија.

– Но, проценувајќи ја целата состојба, со тоа што се знаеше дека немаше да присуствуваат пратеници од мнозинството, ќе бев единствениот пратеник внатре, кој требаше да гласа против нешто, против една еуфорија, која се одвиваше брзо како на филмска лента.

Јас не бев сигурен за мојата сигурност, интегритет, па и етика, дека немаше да бидам цел на вербални напади, па и да не зборам на физички, изјави Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на Владата

Додека не се донесат официјални одлуки, јас сум член на БЕСА, а партијата е дел од Владата, вели Реџепи

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТСП: Жените може да остварат право на пензија на 62 години возраст и 15 години стаж

Редакција

Починати 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.274

Редакција

Заев: За кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива, ќе одлучува новиот мандатар

Редакција