еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: За кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива, ќе одлучува новиот мандатар

Кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива за министри и заменици министри ќе го чекаат новиот мандатар за да бидат избрани во Собранието.

-Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне постапката за предлагање на новата Влада во Парламентот. Тоа се 20-ина дена од сега.

Ова прашање од тогаш натаму не зависи од мене, туку ќе зависи од новиот мандатар, од новиот премиер, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

За кадровските решенија во Алтернатива ќе решава Централното претседателство.

Гаши рече дека во наредните денови ќе направат внатрепартиски консултации и кога ќе имаат решенија, рече, ќе го свикаат централното претседателство и ќе се донесат одлуките кои имиња ќе ги претставуваат во извршната власт.

Посочи и дека имињата што кружат во јавноста се шпекулација зашто тие се уште не се потврдени во партиските органи. Немаат одлука за здравство иако се спомнува д-р Беким Сали, кој за Заев би било прифатливо решение.

На новинарско прашање зошто, за разлика од Беса, која имаше еден министер и двајца заменици во Владата, за соработката со Алтернатива се спомнуваат повеќе членови и 47 функции и дали тоа било условот за влез во Владата, Гаши одговори дека во преговорите за влез во Владата немале уценувачки пристап и дека единствено се раководеле за доброто на државата и дека условот бил програмските определби.

Заев, пак, кажа дека не знае за список на функции што е објавен, но може да потврди дека Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната власт.

Во однос на коалицирањето со опозициските партии за локалните избори, Гаши рече дека ставот им е оти остануваат докрај верни на коалициите со кои заедно настапиле – и Алијанса за Албанците и онаму каде што поддржале независен кандидат.

-Нашите гласачи гласале за тие кандидати. Ние унилатерално нема да ги прекинеме овие коалиции, се додека од другата страна нема раскинување или се искаже недоверба или унилатерално ја прекинат соработката со Алтеранатива.

Тогаш ќе бидеме принудени да функционираме поинаку, рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Заев за смената на Филипче: Ќе станеме поголеми другари и ќе имаме повеќе време да возиме мотори

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 577 случаи на Ковид-19, во Скопје 265

Редакција

Решенија за жешките точки за индустриски отпад има одамна, само треба да се спроведат, вели Стафилов

Редакција

До понеделник многу топло време, од вторник пад на температурите за неколку степени

Редакција