еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници

Земјата излегува од политичка криза, констатираше денеска претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, откако со премиерот Зоран Заев се договорија за влез во Владата.

Гаши потенцираше дека од вчера парламентарното мнозинство е зголемено, стабилизирано и проширено.

– Шеесет и четири пратеници ќе бидат од парламентарното мнозинство и ќе работат искрено и сериозно, со цел да се излезе и од здравствената, и од енергетската и од економската криза, во која сите ние се наоѓаме и ја чувствуваме, изјави Гаши.

Според него, Алтернатива била исправена пред многу тежок период и предизвикот дали да продолжи таму каде што е или да придонесе во историскиот процес за отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ.

Примарно било да бидат во функција и во интерес на државната и регионалната стабилност и во интерес на Албанците и на сите граѓани во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Заев за смената на Филипче: Ќе станеме поголеми другари и ќе имаме повеќе време да возиме мотори

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Високиот процент на одбиени визи од САД за македонски граѓани е поради несоодветни апликации, велат од МНР

Редакција

Заев не слушнал за новите „бомби“

Редакција

(ВИДЕО) 200 илјади знамиња, наместо луѓе за инагурацијата на Бајден

Редакција