еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Високиот процент на одбиени визи од САД за македонски граѓани е поради несоодветни апликации, велат од МНР

Високиот процент на одбиени визи за македонските граѓани од страна на САД, според Министерството за надворешни работи (МНР), се должи на несоодветните апликации, за што планира наскоро да започне кампања за едуцирање на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лани одбиени 26,29% од барателите за виза во САД од Македонија

-Со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД.

Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу три проценти.

Во тој контекст, нагласуваме дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти се должи на несоодветните апликации, за што планираме наскоро да започнеме кампања за едуцирање на граѓаните за процесот на аплицирање и условите кои треба да бидат исполнети, со цел добивање виза за САД, информира МНР.

Оттаму дополнуваат дека процесот на укинување визи за влез на државјаните на Македонија во САД е долгорочен и комплексен и оти налага континуирани активности.

-Воедно приклучувањето на Северна Македонија во Програмата за безвизен режим стана дел од Стратешкиот дијалог со САД и е меѓу проектите во Акцискиот план, што беше усвоен на владина седница во февруари оваа година.

Постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за економскиот развој на земјава, а ќе внесе и дополнителен импулс за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство, како и доближувањето на народите од двете земји, велат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ќе одлучи дали Ристо Ставревски ќе биде шеф на СВР – Скопје

Редакција

Што да посетите кога сте во Црна Гора: Дива и неоткриена убавина, далеку од гужвите на плажите на море

Силвана Жежова

Создадена база на податоци за состојбата на 707 цркви и манастири во Македонија

Редакција