еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лани одбиени 26,29% од барателите за виза во САД од Македонија

На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се објавени податоци за процентот на одбиени барања за виза за САД во 2022 година. Во објавената статистиката по држави од кои се примени барањата, се наведува дека лани биле одбиени 26,29 отсто од барањата од апликанти од Македонија.

Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13,47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија,17,93 од Косово, 27,55 од Албанија и 34 отсто од Црна Гора.

На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.

Од барањата за виза за САД биле одбиени и 3,66 отсто од Аргентина, Австрија – 6,97 отсто, Барбадос, 6,55 отсто, Брунеи 5,41 отсто, Швајцарија 3,05 отсто, Папуа Нова Гвинеја 4,93 отсто, Гватемала 5,45 отсто, Исланд, 3, 24 отсто, Израел 2,27 отсто, Тајван, 4,56 отсто.

Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.

Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 отсто, Авганистан, 52 отсто, Бурунди, 69 отсто, Канада, 58 отсто, Чад, 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто…

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мерките во ковид-кризата ги намалиле приходите во буџетот за 23 милиони евра, а ефектите се немерливи, велат од Државна ревизија

Редакција

Ќе добијат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сериозна конкуренција во најавените нови партии

Редакција

Топ 5 најниски просечни нето-плати во ноември

Редакција