еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Германскиот синџир на аптеки Росман плнира влез на македонскиот пазар

Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum.

Компанијата Росман неодамна објави рекорден раст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година. Најавуваат и дека нивниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија. Преку партнерство и франшиза, тие од неодамна се присутни и во Азербејџан.

Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа. Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работат на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработуваат 60.000 работници.

Компанијата Росман пред неколку недели објави дека на данскиот пазар влегува без продавници за малопродажба. Росман ќе го води целиот свој бизнис преку онлајн тргување.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку се безбедни и какви несакани ефекти имаат вакцините АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Спутник В

Редакција

Кризната состојба продолжена до крајот на годинава

Редакција

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Редакција