еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Колку се безбедни и какви несакани ефекти имаат вакцините АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Спутник В

На веб страната kovid19vakcinacija.mk на Министерството за здравство можете да најдете бројни информации за вакцините против Ковид-19.

Ви ги пренесуваме информациите за безбедноста и несаканите ефекти на вакцините АстраЗенека, Фајзер, Синофарм и Спутник В.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лично искуство со „АстраЗенека“ и поминато патешествие за вакцина во Белград

Важни совети од Пановски за вакцинираните со „АстраЗенека“ но и другите вакцини

АСТРАЗЕНЕКА

Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

Препорачана возраст над 18 години.

Потребни се две дози, втората доза 4-12 недели по првата доза.

Се дава мускулно во рамото.

Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2, резултатите од реалната пракса се охрабрувачки, само по првата доза за 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.

Безбедност: повеќе од 25 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања.

Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција.

Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за вакцините на Фајзер

ФАЈЗЕР

мРНА вакцина која дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2.

Препорачана возраст над 16 години.

Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.

Се дава мускулно во рамото.

Ефикасност: клиничките студии покажаа висока ефикасност до 94% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Податоците од вакцинацијата ширум светот ја потврдуваат ефикасноста од клиничките студии.

Безбедност: вакцината е безбедна, повеќе од 40 илјади индивидуи беа вклучени во клиничките тестирања.

Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се почести по примање на втората доза.

Оваа вакцина може да даде и алергиска реакција не треба да се администрира на лица алергични на полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките.

Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и траат до два дена по примање на вакцината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина на „Синофарм“

СИНОФАРМ

Инкативиран САРС-Ков2 вирус.

Препорачана на возраст над 18 години.

Потребни се две дози, втората доза од 21-28 дена по првата доза.

86% ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 100% ефикасна за превенција на тешка болест.

Се дава мускулно во рамо.

Безбедност: повеќе од 43 милиони дози се дадени до 21 февруари во светот.

Најчести несакани ефекти: болка на местот на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули

Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за вакцината Спутник В со која ќе се вакцинираат и македонските граѓани

СПУТНИК В

Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

Препорачана на возраст над 18 години.

Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.

Се дава мускулно во рамото.

Ефикасност: ефикасноста на Спутник В против Ковид-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В.

Безбедност: клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.

Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига

Редакција

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

Редакција

Ученици се журкаат по кафулиња и паркови, а ќе имаат онлајн настава за да се зашитат од Ковид-19

Редакција