еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина на „Синофарм“, со која ќе почне вакцинацијата во Македонија

За неколку дена конечно треба да започне вакцинацијата против Ковид-19 и во Македонија. Како што најавија здравствените власти процесот на вакцинација ќе започне со вакцината на кинеската државна компанија „Синофарм“.

Вакцинацијата треба да стартува со 200 илјади дози од оваа вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

КОЛКУ Е ЕФИКАСНА

Според податоците кои ги објави „Синофарм“, нивната вакцина покажува 79.43% ефикасност во прелиминарниот стадиум од последната фаза на тестирање.

Станува збор за вакцина со „деактивиран„ (мртов) вирус, така да оваа вакцина штити не само од вирусот што напаѓа, туку и од други корона-вируси, бидејќи е направена од целиот вирус.

„Синофарм“ вакцината ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан, кинескиот град од каде и започна пандемијата со Ковид-19.

Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во борбата против дифтерија, хепатит Б, детска парализа или тетанус.

ЛЕСНА ЗА ЧУВАЊЕ

Оваа кинеска вакцина е помалку ефикасна од т.н. мРНК-вакцините на компаниите „Бионтек“ и „Фајзер“ и на „Модерна“, но голема предност и е тоа што таа може да се чува во обичен фрижидер.

Вакцината на „Бионтек“ и „Фајзер“ на пример се чува на температура од – 70 Целзиусови степени.

СЕ ДАВА ВО ДВЕ ДОЗИ

Како и сите други актуелни одобрени вакцини, вакцината на „Синофарм“ исто така се дава во две дози.

Двете дози се даваат во временски период до 28 дена.

Кинески компании се во финална фаза на изработка на уште неколку вакцини против Ковид-19.

СЕ КОРИСТИ ВО СРБИЈА

Оваа вакцина веќе масовно се користи во соседна Србија, а истата ја примија и неколку македонски граѓани, кои имаат српско државјанство и може да се вакцинираат таму.

Истата веќе масовно се користи во Кина и Обединетите Арапски Емирати, а ќе се користи и во многу земји во Африка и Јужна Америка.

Унгарија ќе биде првата земја-членка на Европската Унија која ќе ја користи и оваа вакцина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Редакција

СЈО ја тера истрага за „Попис“: Ќе одговараат ли Али Ахмети и Никола Груевски?

Редакција

Притвор од 30 дена за мајката чие дете настрада во пожарот во Гостивар

Редакција