еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора вчера ја поднела Иницијативата што ја најави за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната одлука.

Иницијативата, како што соопшти денеска, е за да ги заштити интересите на своите членки, но и да укаже на основните процедури и принципи на работа што мора да се почитуваат

Според Комората, во оваа Иницијатива е обединета целата бизнис заедница, што посочуваат дека е редок позитивен пример. Со неа, преку аргументиран пристап, бизнисот бара да се обезбеди гаранција на правната сигурност, како составен дел на принципот на владеење на правото што е неопходен во процесот на работењето на компаниите.

-Сакаме уште еднаш да потврдиме дека бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност, кои се поддржани и од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации, соопшти Комората.

На компаниите и сите бизнис организации на веб-страницата на Стопанска комора во текот на денешниот ден ќе биде овозможено да пристапат и повторно да ја искажат поддршката во процесот пред Уставниот суд, за поднесената Иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за данок на солидарност.

Собранието на 19. минатиот месец го изгласа Законот за данок на солидарност, со кој се воведе еднократен т.н. данок на екстра профит, а ќе го плаќаат компаниите кои во 2022 година оствариле приход поголем од 615 милиони денари.

Според Министерството за финансии, целта на законот е на солидарен начин секој да придонесе за ублажување на последиците од енергетската и ценовната криза.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Renewable Energy Supply снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор, носители на економскиот живот во државата

Редакција

Министерството за здравство отвори посебни сметки за донации: Може да се донираат парични средства, но и опрема 

Редакција

Од МВР велат дека блокирањето на автопати било спротивно на законот

Редакција