еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што треба да знаете за вакцините на Фајзер, кои денеска пристигнаа од Србија

На граничниот премин Табановце денеска стигна првата пратка од вакцини на Фајзер, донација од соседна Србија.

Денеска пристигнаа 4.680 од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19.

Оваа се први вакцини против Ковид-19 кои досега пристигнаа во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за кинеската вакцина на „Синофарм“, со која ќе почне вакцинацијата во Македонија

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

Колку е ефикасна?

Оваа вакцина е заеднички развиена од германската компанија БиоНТек и американската фирма Фајзер. Докажано е дека е 90% ефикасна во спречување на инфекции со Ковид-19, според испитувањата во третата фаза.

Подоцна по завршените клинички испитувања на вакцината од компаниите соопштија дека нејзината ефективност е на ниво од 94-95% кај лицата над 65 години и дека е подеднакво ефикасна кај луѓе од сите возрасти и етникуми.

„Нашата вакцина дава високо ниво на заштита од Ковид-19 на само 29 денови по земањето на првата доза“, информираше неодамна генералниот директор на БиоНТек, Угур Сахина.

Пациентите ќе треба да примат две дози за да стекнат имунитет.

Како функционира?

Оваа вакцина е мРНА, односно транспортер на РНА генетски код. Конвенционалните вакцини се прават со употреба на ослабени форми на вирусот, а оваа вакцина го користи само генетскиот код на вирусот.

Откако оваа вакцина се инјектира во телото, состојките влегуваат во клетките „упатувајќи им порака“ да почнат да прават антигени. Овие антигени се препознаени од имунолошкиот систем и со тоа ги подготвуваат клетките за борба против Ковид-19.

Значи за да се направи оваа вакцина не е потребен вистински вирус (како што е на пр. случај со кинеската вакцина на „Синофарм“), што значи дека производството може да се забрза колку што е потребно, а исто така теоретски оваа вакцина може и брзо да се модифицира ако, на пример, вирусот мутира и започне да се менува, а оригиналната вакцина покаже помала ефикасност.

Се чува на -70 степени

Производството на овој тип на вакцина е многу поевтино од традиционалните вакцини.

Овие вакцините треба да се чуваат на многу студени температури и потешко се транспортираат.

Вакцината на Фајзер мора да се чува на -70 степени Целзиусови.

Штити од мутации?

Неодамна, д-р Ентони Фаучи, висок експерт за заразни болести во САД, соопшти дека вакцините кои се дизајнирани како оваа препознаваат повеќе делови од спајк-протеинот, со што е мала веројатноста дека една мутација би била доволна да ги блокира.

Неодамнешна студија пак покажа дека оваа вакцина штити од мутацијата пронајдена во две високо преносливи варијанти на коронавирусот.

Според студијата научниците користеле примероци на крв од 20 лица земени две до четири недели откако ја примиле вакцината на Фајзер за да ја испитаат мутацијата N501Y откриена во Велика Британија и Јужна Африка.

Откриено е дека антителата на овие луѓе успешно се бореле против мутацијата, се наведува во студијата спроведена од Медицинскиот отсек при Универзитетот на Тексас во Галвестон со поддршка на двете компании.

„Овие варијанти имаат повеќе мутации во нивните С-гликопротеини, кои се клучни цели на антителата кои го неутрализираат вирусот“, се вели во студијата.

Научниците исто така откриле и дека вакцината е ефикасна против 15 можни мутации на вирусот.

Сепак, E484K, друга мутација пронајдена во Јужна Африка, не беше меѓу тестираните мутации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер, кои стигнаа од Србија се подготвени

(ВИДЕО) Ни од Бугарија, ни од Грција, ни од ЕУ, првите вакцини во Македонија дојдоа од Србија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Снимка на „Јутјуб“: „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“

Редакција

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Редакција

Катастрофалните здравствени трошоци остануваат предизвик за Македонија, велат од СЗО

Редакција