еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е рускиот свештеник, кој е протеран од Македонија

Освен тројца дипломати од руската Амбасада во Скопје, Македонија за непожелна личност го прогласи и рускиот архимандрит Васијан Змеев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

Тој е руски црковен претставник на Московската патријаршија, а како што пишува порталот Религија.мк, тој изминатава година имал интензивни посети на Македонија и зачестени средби со Архиепископот Стефан и митрополитите Григориј и Петар.

-За време на една посета во манастирот Пантелејмон во Нерези служеше помен за загинатите руски војници. Ја има улогата на координатор на Балканот за руските црковни политики, со особено влијание во Бугарија и во Македонија, пишува порталот.

Пред извесно време и претседателот Стево Пендаровски изјави дека според информации од пријателски држави, некои владици на МПЦ ОА биле во „соработка со руските безбедносни  служби„.

Рускиот архимандрит живее во Софија, а според генерал Атанас Атанасов, претседател на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), тој доаѓал во Македонија за да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да дојде до раскол во македонската црква.

-Станува збор за претставник на Московската патријаршија во Софија. Васијан Змеев живее овде и работи во Руската црква. Тој отиде во Северна Македонија да ги извршува функциите на руското разузнавање со цел да се обиде да донесе раскол во македонската црква.

Мала Македонија со своите служби дозна дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и го протерале од таму, а тој живеел пет години во Бугарија.

Го прашувам бугарското контраразузнавање – имаат ли срам што тој што живее овде и развива разузнавачки активности во Бугарија е избркан од Македонија, а тој живее овде во удобност, изјави за емисијата „Зборувај сега“ на БНТ, Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР потврди дека прогласила троја руски дипломати за непожелни

Фото: Религија.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Охрид полн со туристи, ама и со ѓубре и отпад

Редакција

На Божик, папата повика да се стави крај на „бесмислената“ војна во Украина

Редакција

Два позитивни случаи на Ковид-19 во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“

Редакција