еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Охрид полн со туристи, ама и со ѓубре и отпад

Тоа што странските гости го нотирале во своите оценки од престојот во земјава и особено во Охрид како наша најпосетувана туристичка дестинација за слабата хигиена, сега се потврдува на дело.

Во отсуство на странски гости, најпопуларните локации низ градот и во околината затрупани од отпад, ѓубре, амбалажа…Сега нема кому да се замери за слабата хигиена и лошите навики, негрижата за своето освен на нас самите.

Охрид изминатиот викенд беше преполн со гости, речиси сите од другите градови на државата.

Профилот на гостите, нивната послаба платежна моќ резултира со организирање пикници, излети на најпопуларните излетнички места, на шеталиштата, парковите, атрактивните локации, сето со храна и пијалоци купени од продавница. Тука нема што да се забележи, таква е ситуацијата, но она што секако мора да се нотира е негрижата за околината, чистотата, јавната хигиена.

Грдата слика за фрлен отпад насекаде се повторува секојдневно. Најфреквентните и автентични локации во Стариот дел од градот како Канео, Античкиот театар, плажата Лабино, паркот пред Света Софија и на Сараиште во доцните ноќни часови стануваат збиралишта за младата популација кои зад себе оставаат купишта ѓубре.

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ постојано се на терен, обидувајќи се да го соберат она што во текот на денот останало расфрлано насекаде. Активни се и самоорганизираните граѓански здруженија, младите ентузијасти кои групно чистат и собираат отпад од плажите, но сето тоа е недоволно ако отсуствува свеста за потребата од заштита на околината.

МИА/Фото: Фејсбук/Чист Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија доби тројка од странските туристи за хигиената и за патната мрежа

Охрид „врие“ од туристи: Искористени 1.996 ваучери за домашен туризам во периодот од 15 до 23 јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За осомничениот за убиството на жената од Велгошти притвор од 30 дена

Редакција

Во антифашистичка војна, македонскиот народ избра да гради држава за сите и на сите, како што е сега ЕУ, вели Ковачевски

Редакција

Стопанска комора: До 4,5 милиони денари трошоци кај фирмите поради отсуство на работниците

Редакција