еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски вели дека Пендаровски го прекршил Уставот, ќе оди кај него да го праша зошто му го дал мандатот на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе бара од него да им ги соопшти аргументите и доказите врз основа на кои му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На прес-конференција пред партискиот штаб, Мицкоски обвини дека со доделувањето на мандатот, Уставот е прекршен, а дел од таквиот чин, според него сега е и претседателот Пендаровски зашто на Заев му го дал мандатот без тој да му приложи доказ дека обезбедил мнозинство.

Според Мицкоски, со доверувањето на мандатот, целта на Пендаровски е да му овозможи уште 20 дена преговарање на Заев за влада.

– Очекуваме и апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник за да разговараме за доказите со кои Заев го убедил да го добие мандатот. Бараме да ни објасни врз основа на кој доказ и документ му го довери мандатот на Заев, истакна Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш кажа дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да им даде поддршка на Заев и СДСМ за формирање Влада.

– Изминатото деноноќие уште тројца пратеници пријавија „добронамерници“ кои во име на Заев и СДСМ нудат привилегии само за да обезбедат поддршка за СДСМ, рече Мицскоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски му го врачи мандатот на Заев за состав на нова Влада

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот заболен од корона вирусот од Валандово се вратил од странство и во државен карантин му се појавиле симптомите

Редакција

Груби нема повеќе да биде прв вицепремиер, функцијата ќе ја преземе Маричиќ

Редакција

На политичарите платите им се ниски, но треба да бидат последни на листата за покачување, вели Османи

Редакција