еМагазин
Image default
Бизнис

Корисниците на социјална и детска заштита кои биле клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека клиентите на „Еуростандард банка“, кои имаат парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства, доколку имаат трансакциска сметка во друга банка да се обратат во таа банка или да отворат нова трасакциска сметка со цел да ги добијат средствата.

„Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на Банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „АД Пошта на Северна Македонија“, заради продолжување на навремена и редовна исплата потребно е доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје“), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка“, велат од МТСП.

Од Министерството велат дека доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата (освен „Охриска банка АД Скопје“) заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

„Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото“, посочуваат од МТСП.

Нагласуваат дека корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25 август 2020 година, заради навремена исплата во месец септември 2020 година.

Од МТСП наведуваат дека корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Фондот за осигурување на депозити за 20 дена ќе почне со обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

Пропаст наместо нов газда: Можеше ли да се спаси Еуростандард банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради замрзнатите цени, Пекабеско со намалена добивка во првите шест месеци

Редакција

„Витаминка“ ги зголеми приходите за 20%

Редакција

Колкави се примањата на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Редакција