еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Доктор Софијанова: Ковид-19 го заспа имунолошкиот систем кај децата, и тоа веројатно е причината за респираторните инфекции во лето

Според нашите сознанија, заспаниот имунолошки систем кај децата, кој сега по олабавувањето на ковид мерките ја покажува истата патологија што беше присутна во месеците февруари и март годинава, веројатно е причина за инфекција на дишните патишта кај децата во Гевгелија, изјави по посетата на гевгелиската Општа болница, д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.

Екипата од Скопје во Гевгелија кај децата направи брзи ПЦР тестови кои сите беа негативни, изврши увид во документацијата на сите дечиња кои изминатиов месец имале потешкотии во дишењето и земале дополнителни материјали кои ќе бидат доработени на Клиниката во Скопје.

– Лично по нашите искуства сметаме дека заспаниот имун систем кај децата доведе до она што беше нормална патологија во февруари и март да го гледаме сега не само овде, туку и во други градови во земјава, рече Софијанова.

Во гевгелиската болница сега се хопитализирани две деца, а 20 деца на возраст од две до пет години примаат терапија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Повеќе од 50 деца со респираторен вирус во гевгелиската болница некои од нив на кислород: Делта сој или вирусот ја „помешал“ сезоната

МИА/Фото: Фејсбук/Софијанова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија регистрирани поголем број нови варијанти на Ковид-19, можен внес од странство

Редакција

В четврток средба Мицотакис-Заев

Редакција

Барањето за екстрадиција на Груевски како организатор на настаните од 27. април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Редакција