еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Братот на Верица Белчовска реагира на пресудата: „Сестра мѝ ништо нема да ја врати назад, но само 15 месеци за изгубен млад живот“

„Сестра ми ништо нема да ја врати назад. Нема да дочека да има свое семејство, деца, да се радува на животот, да остариме сите заедно. Но, само 15 месеци казна за возачот, за еден изгубен млад живот, за болката со која ние вечно ќе живееме, не, не прифаќаме, ќе бараме правдина, ќе бараме повисока казна,“ изјави Мартин Белчовски за „Фокус“, за пресудата за возачот кој ја покоси неговата сестра Верица Белчовска на пешачки премин во Струмица“.

Тој исто така додаде дека семејството останало во шок кога ја слушнале пресудата за лицето кое ја прегази Верче.

„Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми, го прекина нејзиниот млад живот? Ќе се жалиме, во неверување сме од изречената казна за едно вакво, тешко дело,“ изјавил Белчовски.

Основниот суд во Струмица вчера го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин.

Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска, чии органи по смртта спасија три животи, осуден на 15 месеци затвор

(Фото) Мајката на Верица Белчовска доби вработување во канцеларијата на Заев во Струмица

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Фото:Фејсбук/Белчовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на МВР за набавка на струја вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Твитерџиите за новата истрага на СЈО: Ако чепнат секаде каде што треба, нема да знаеме што со парите

Редакција

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција