еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Поради борба за подобар живот и невработеноста пред неполна година семејството на Верица Белчовска, која почина поради последици од сообраќајка, а чии што донари органи досега спасија три лица, се разделило во два града, раскажува за порталот mms.mk, нејзиниот брат Мартин.

Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, а таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.

„Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција.

Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми се уште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде.

Постарата сестра Ана (23) работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле. Под кирија се, мораа да заминат, од Берво се преселија, бидејќи нема работа, секаде е полно и со ниски плати“, раскажува Мартин за порталот mms.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

(ВИДЕО) Верица го продолжи животот на син ми, вели таткото на момчето кому му беше трансплантирано срце

Досега спаси 3 животи: Бубрег од 21-годишната девојка-донор успешно трансплантиран кај 27-годишно пациент

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

Фото: Фејсбук/МИА/mms.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Е не бе, како Ева и Александра Заеви„: Твитерџиите во одбрана на синот на Силјановска што свири на кавал во парк

Редакција

Виена повторно прогласена за најдобар град за живеење во светот

Редакција

Прилепската болница ќе треба да прави месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик

Редакција