еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка која загина во сообраќајна несреќа, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега спаси 3 животи: Бубрег од 21-годишната девојка-донор успешно трансплантиран кај 27-годишно пациент

За братот на починатата 20 годишна девојка, и покрај трагичниот чин, семејството сака да остави пример за потребата од вакви хумани гестови.

-Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа, бидејќи сакаме да спасиме животи.

И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра, истакна Мартин Белчовски, брат на 21- годишната Верица Белчовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) За прв пат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

Девојката-донор со бубрезите ќе спаси и пациенти кои со години се на дијализа и десетина пациенти кои боледуваат од карцином

Огромна поддршка до семејството Белчовски, изрази и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

-Пред се огромна поддршка за ова семејство кое и во услови на голема тага и скршеност се одлучија на храбар чекор да ги донираат органите на несреќно загинатата Верица и со тоа да продолжат нови животи.

Огромен хуман чин кој значи многу пред се за општеството во охрабрување на тие акции на донори да продолжат и во наредниот период со што ќе се овозможи многу животи да бидат спасени и со тоа иако физички не е присутна, срцето на Верица ќе продолжи да чука.

Како општина на семејството им стоиме на располагање за било какви потреби, кои уште еднаш ги охрабруваме за големиот хуман чекор, рече Пекевски

Како што претходно беше соопштено од Министерството за здравство, пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето.

Во наредните денови од починатиот донор ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче за МИА изјави дека трансплантацијата поминала успешно.

-В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка.

Претходно два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа.

Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор.

Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството.

Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка.

-Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други. Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри.

Според Министерството за здравство, тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно.

Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина.

-Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката, истакнуваат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Успешна трансплантација на срце кај 22-годишно момче, донирано од девојка која почина како последица од сообраќајка

МИА/Фото: МИА/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По невремето во Скопје: Најмногу пријави за поплавени простории и паднати дрва

Редакција

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Редакција

Кои партии ќе треба да си ги променат имињата, согласно Договорот од Преспа?

Редакција