еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во изјава за ТВ Клан потврдија дека има ново парламентарно мнозинство, откако претходно тоа на Фејсбук го соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Апасиев и Таравари во изјава при излегување од Парламентот рекоа дека има ново парламентарно мнозинство.

– Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64, рече Апасиев одговарајќи потврдно на прашањето дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

– Ново мнозинство, 61, одговори Таравари, исто така на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На маса со коалиционите партнери: Мицкоски објави дека опозицијата обезбедила парламентарно мнозинство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката

Редакција

По 30 дена притвор за шест лица осомничени за издавање лажни пасоши во случајот „Двојник”

Редакција

Боки 13 во затвор се заразил со Ковид-19, ставен е во изолација

Редакција