еМагазин
Image default
Македонија

Личен интерес ни е да одиме на избори, би добиле 18 пратеници, но на државата ѝ треба стабилност, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Телма телевизија ја коментираше информацијата што ја објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека има ново ново парламентарно мнозинство.

-Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, треба да се изгласа во Собранието доколку ги имаат бројките. Ние кажавме дека ако ги гледаме бројките, наш личен интерес е да одиме на избори, бидејќи моментално би добиле 18 пратеници.

Но, во моментов на државата и треба стабилност, треба да се завршат некои крупни работи, како спорот со Бугарија, да се продолжи европскиот пат и ДУИ нема да направи никакви отстапки од евроинтеграциите на нашата држава, рече Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На маса со коалиционите партнери: Мицкоски објави дека опозицијата обезбедила парламентарно мнозинство

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Црните листи“ на САД и Обединетото Кралство влегуваат во македонското законодавство

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото

Редакција

Државна ревизија: Резерва за објективноста на финансиските извештаи на МВР

Редакција