еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката

По одложувањето на денешното рочиште против кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника, обвинителката Искра Хаџи Василева изјави дека правото на одбрана е неспорно и обвинетиот може да ангажира и повеќе бранители, но тоа не може да биде причина за одлагање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложен стартот на судењето за Жан Митрев, ангажирал нови адвокати

Напротив, како што додаде, треба да претставува гаранција за присуство на соодветен бранител и одбрано за негово застапништво во целата постапка.

На новинарско прашање околу тоа зошто на денешното рочиште не биле присутни и оштетените, Хаџи Василева посочи дека рочиштата и започнуваат најнапред со произнесување за вина, така што сигурно со понатамошната динамика ќе бидат поканети сите соодветно странки и учесници во постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

Во врска со замрзнувањето на сметките на болницата на Жан Митрев, обвинителката посочи дека предлог кој Обвинителството го има поднесено пред повеќе од три месеци и по кој се одлучувало соодветно.

-Денеска Судот донел одлука по она што е последна состојба и предлог, а реакции има. Од она што го следев имаше и во минатиот период реакции, некакви небулози, па и некакви изјави за хајки. Јас не можам да знам за такво нешто. Јас можам само да кажам дека Обвинителството работи врз основа на факти и прибира доказен материјал кој потоа го анализира.

Обвинителството повеќе пати ја повтори заложбата дека никако не е претензија да се блокира работа на болница. Напротив, се водевме и тоа како од начелата, стандардите на пропорционалност и неопходност.

И сега гледате, имате на едната страна интерес на оштетени, претендирано имотно правно побарување кое е пријавено и јас чувствувам обврска да го заштитам истото, но повторено е неколку пати како и денес дека одбраната, бидејќи законската и одредба по која се предлагаат мерките тоа го овозможува апсолутно е прифатливо да се понуди износ како гаранција за таквото претендирано побарување и тоа е нешто што Обвинителството и тоа како ќе го цени, дури и го охрабрува, нагласи Хаџи Василева.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев си направи селфи со Ципрас пред Владата и министрите и новинарите во позадина

Редакција

Предупредување од руската Амбасада во Скопје: Внимателно се евидентираат сите случаи на русофобија

Редакција

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува пет лица, плата до 87.680 денари

Редакција