еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

Клиниката Жан Митрев ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

-Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес.

Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање, иако  постапките на Кривичниот суд, а на барање на Обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање.

Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.

Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.

Очигледно дека нашите апели беа залудни, бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на клиниката Жан Митрев.

Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано.

„ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „Лабас“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев“.

Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.

Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз клиниката Жан Митрев, велат од Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Судењето на Жан Митрев закажано за 28 февруари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Каролина објави фотографии од убави моменти кои ѝ ја одбележаа 2020 година

Редакција

Ни Меркел не го предомисли Мицкоски за договорот за името со Грција

Редакција

За 61,2 отсто од Македонците одморот е луксуз: Сонуваат за море

Редакција