еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето на Жан Митрев закажано за 28 февруари

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри во целост обвинението против кардиохирургот, Жан Митрев и неговата приватна болница и првото судско рочиште го закажа на 28 февруари.

-Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинението против едно физичко лице и Приватна здравствена установа, а поврзано со соопштението на Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје: jorm.gov.mk, ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост.

По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23, кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

За ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамил 283 ковид пациенти за 1,5 милион евра: Детали од обвинението за Жан Митрев и неговата клиника

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот „Доказ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 25%: Минатата недела 1.559 реинфекции со Ковид-19

Редакција

(ВО ЖИВО) Прес-конференција за убиството на Вања и Панче

Редакција

(Галерија) Replay пролет/лето 2019: SILVERLAKE effect

Редакција