еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Жан Митрев и кон клиниката, стои во реакцијата од клиниката по одлуката на Кривичниот суд да го одобри обвинението против кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница и првото судско рочиште го закажа на 28 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на Жан Митрев закажано за 28 февруари

– Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен.

За време на ковид пандемијата нашата клиника и нашиот персонал одиграа херојска улога, а овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите.

Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид-19, но не и како лек за Ковид-19. Бесмислени се наводите на Јавното обвинителство во Обвинителниот акт.

Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова ќе го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна, се наведува во рекацијата од Клиниката Жан Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измамил 283 ковид пациенти за 1,5 милион евра: Детали од обвинението за Жан Митрев и неговата клиника

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи кон обвинението за сопственикот на порталот „Доказ“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепскиот актер Михајло Миленкоски претепан поради коментар за неносење заштитна маска

Редакција

Двајца работници на фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци позитивни на корона вирусот 

Редакција

Музиката од филмот „Големата вода“ на Џајковски, достапна на дигиталните музички сервиси

Редакција