еМагазин
Image default
Македонија

Двајца работници на фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци позитивни на корона вирусот 

Двајца работници во фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци се позитивни на коронавирусот. Од фабриката информираат дека случаите не се меѓусебно поврзани, но и дека за нив врвен приоритет е безбедноста на вработените.

– Вработените изминатите денови не доаѓаа на работа и се заразиле преку контакти во нивното приватно опкружување. И за двата случаја го контактиравме одговорниот епидемиолог во Кавадарци и ги следиме дадените насоки и упатства.

Веднаш по добивање на информацијата, беа испратени во домашна самоизолација сите вработени кои според работните места се наоѓаат во непосредна близина, нагласуваат од фабриката.

Компанијата го следи својот изготвен план за справување со евентуален инфициран вработен и има изготвено протокол со што би ги заштитиле и изолирале останатите засегнати колеги.

– Вниманието на оваа тема во компанијата е на највисоко ниво од самиот почеток. Постојано сме во контакт со надлежните здравствени институции, ги спроведуваме сите превентивни мерки за заштита, како и дополнителни интерни протоколи наложени од нашата централа во Германија, а според насоките на Роберт Кох Институтот.

И покрај преземањето на бројни мерки и активности, сепак една од најважните мерки на заштита останува совесното однесување и делување на секој од нас. За ова вработените постојано се информираат дека самозаштитата почнува од напуштање на домот, за време на работата, но и во слободното време. Токму затоа постојано посочуваме дека треба да се следат препораките на здравствените институции, велат од Дрекслмаер.

Оттаму апелираат на зголемување на свесноста за самозаштитата и совесно однесување на сите граѓани.

Од фабриката информираат и за преземените заштитни мерки од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот позитивен на Ковид-19 во Кавадарци е син на претходно заболен

78,8% од оздравените од корона вирусот во Македонија се лекувале дома

МИА/Фото: Дрекслмаер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какво воена опрема купува Македонија, министерката Петровска со детали

Редакција

Нема полициски час, ама МВР и инспекторатите ќе вршат засилени контроли во подрачјата со зголем број на заразени со коронавирусот

Редакција

Владо Мисајловски ќе ги координира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција