еМагазин
Image default
Македонија

По 30 дена притвор за шест лица осомничени за издавање лажни пасоши во случајот „Двојник”

Притвор во траење од 30 дена им е изречен на шест лица осомничени во случајот „Двојник”, потврдија за МИА од Кривичниот суд Скопје.

Ова мерка Судот му ја одредил и на уште едно лице, кое е во бегство, а на тројца осомничени им се изречени мерки на претпазливост.

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Со пријавите се опфатени вкупно 11 лица за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава против 11 лица за лажните пасоши, Обвинителството ќе истражува дали има „крт“ во МВР

(Видео) Спасовски: Вработени во МВР издале 215 лажни пасоши, меѓу корисниците меѓународни криминалци и членови на нарко картели

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свиркачот Костовски пред судот појасни како изгледа датотеката со логови на прислушувани лица

Редакција

Груевски смета дека делото за „Тенк“ е застарено

Редакција

Вработени во полицијата имале поголем имот од бизнисмените

Редакција