еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прилепската болница ќе треба да прави месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ)со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик, информираат од таму.

-Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираат од ДСЗИ.

Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.

ДСЗИ информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент.

Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.

Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis.

Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените го губат и животот поради континуирана системска негрижа за здравјето, велат од Платформата за родова еднаквост

Во прилепската болница осми ден нема операции, се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Редакција

Објектот на Универзална сала е осигуран

Редакција

„Христос воскресе – вистина воскресе!“: Православните верници го слават Велигден

Редакција