еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Министерство за економија побара од Владата да се укине мерката за субвенционирана струја за прехранбената индустрија

Министерството за економија испрати предлог – одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија, информираат од таму.

„Според анализите на Министерството за економија, кај голем дел од компаниите кои што користеа субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра за мегават час, нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија до Владата е да мерката да се укине за сите компании од прехранбениот сектор.

Мерката за субвенционирана електрична енергија од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи важеше од 1 декември 2022 до 30 април 2023 година.

Мерката се однесуваше на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Целта на оваа мерка беше компаниите од прехранбениот сектор да ги намалат цените на основните прехранбени производи,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Компаниите кои без објективни причини не ги намалуваат цените не треба да добиваат субвенционирана струја, смета Ковачевски

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јотова шири историски невистини, Калоѓера ja “подбра“ бугарската потпреседателка

Редакција

Се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев

Редакција

Украина не доби покана да се приклучи на НАТО

Редакција