еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јотова шири историски невистини, Калоѓера ja “подбра“ бугарската потпреседателка

Горан Калоѓера, хрватскиот македонист и надворешен член на МАНУ, во Фејсбук статус побара реакција од Академијата, Институт за македонска литература, Институт за македонски јазик и Институт за историја да реагираат на провокативните и неточни изјави на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дадени изминатиов викенд во Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова во битолско Цапари се поклони пред паднатите бугарски војници, кои загинале „за бугарскиот идеал за обединување“

-Се согласувам со г-ѓа Јотова, најверојатно така се вика, само во едно. Нема поубаво шеталиште од битолското. Останатото, што го кажа е чиста провокација, дрскост, безобразност и (не верувам дека е толку глупава) и невистина.

Како прво, мислам дека г-ѓа Јотова нема поим што е ренесанса, второ, ренесансата како стилска формација не постоела ниту во бугарската, ниту во македонската литература. А да се нарече Битола центар на бугарската ренесанса не е само провокација и дрскост, туку и историска лага.

Госпоѓата очигледно мислела на преродба, а и во тоа има згрешено. Битола отсекогаш била „конзулски“ толерантен град и таму да се зачнува (почне) бугарска преродба, тоа да ми извините е „пизд…а“ од светски размери исто како и изјавата дека Зборникот е дело на бугарски преродбеници, пишува Калоѓера.

Тој вели дека нема намера да ја оспорува „глупоста на Јотова“, која според него има очигледна цел како дел од бугарската елита да ја детронизира (поништи) Македонија како држава и „да уништи се што е македонско“. Но, се чуди зошто никој не реагира на провокациите на Јотова и дали навистина некој решил да ја продаде државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова дошла за Задушница, новинарите ја прашаа дали ќе оди и во Солун да чествува за загинатите бугарски војници таму

Фото: Фејсбук/Калоѓера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фрижидерите за чување на вакцините од Фајзер, кои стигнаа од Србија се подготвени

Редакција

БЕГ склучи рамковна спогодба со ТЕ-ТО во вредност од 59,6 милиони евра

Редакција

Договорите за вработувањето на 18. лица на Токсикологија се невалидни

Редакција