еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Откако пред неколку дена оставки во Македонската навигација (М-НАВ) поднесоа инженери од раководни инструкторски места, поради селекцијата на кандидати на последниот оглас на М-НАВ за инженери во Контрола на летање, денеска оставки и на 20 до 30 контролори на летање и нивни помошници, најави претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

Како што рече тој на денешната прес-конференција, оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во М-НАВ.

Не е исклучена и можноста за штрајк на целата државна институција.

– Верувам дека овој пат според начинот како се одвиваат работите нема да биде штрајк на контролори на летање, туку на сите вработени во Македонската навигација. Ако се организира ќе биде за тотално затворање на сите сектори што ги има институцијата, рече Тасевски.

Според него конкурсот за вработување во М-НАВ е прекршен по многу основи и најави дека ќе се покрене постапка за негово оспорување.

Вчера тој беше на сослушување во полицијата, откако двајца директори на М-НАВ се пожалиле дека им се заканувал, а истите му поднеле и кривична пријава.

Во полицијата му била презентирна пријавата од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз основа на доставен мејл поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

-Најодговорно тврдам дека содржината на тој мејл нема никакви ставки кои асоцираат на закани и живтозагрозувачки информации.

Сметам дека тенденциозно се интерпретира погрешно и намерно во таа насока, за да може да се искористат против мене како претседател на Синдикат, како вид на притисок, со намера да се откажеме од нашите активности, преку мене и до Синдикатот на контролорите на летање, а воедно со самото тоа и до сите професионалци кои во изминатиот период покажаа доблест, се дрзнаа да го кренат гласот и да покажат дека се спремни да застанат во одбрана и заштита на својата професија, за стопирање на клиентелизмот и на непотребните и нестручни вработувања, рече Тасевски, кој потенцираше дека тој страв не е по нивните животи, како што наведуваат во пријавата против него, туку за нивните директорски фотелји.

-Тоа дополнително ни покажува дека сме на вистинската патека на нашата активност и ни дава дополнителен мотив. Она што се случи вчера нема да не заплаши и да не оттргне од идејата на она што сакаме да го постигнеме.

Се повеќе професионалци, не само контролори на летање, туку и од другите служби, го креваат својот глас и веројатно директорите се свесни за таквите случувања поради што сега се во состојба на паника, рече Тасевски.

Депонирањето на оставки од контролори на летање и помошници на контролори на летање кои имаат раководни и инструкторски функции и се шефови на смени, како што рече тој, ќе почне од денеска.

-Со тоа ќе се даде поддршка не само на мене како претседател на Синдикатот, туку и на сите досегашни и идни активности на Синдикатот, на сите инженери и техничари кои пред некој ден ги депонираа своите оставки.

Дефинитивно почнуваме да се окрупнуваме како бројка на луѓе кои застануваме зад институцијата, професионализамот, пред се, во заштита на безбедноста на воздушниот сообраќај, кој не трпи компромиси по никава цена. Тоа е нешто што мора да го сочуваме, рече Тасевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не знаат од каде се заразиле: Трoјца новозаболени од Ковид-19 во Кавадарци

Редакција

(Фото) На автопат во Грција поради силен ветер се превртел камион со македонски регистарски таблички

Редакција

Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Редакција