еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Познати сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Конечно се познати сите кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада.

Од партијата за технички министер за труд и социјална политика ја предлагаат д-р Рашела Мизрахи, која е доктор на науки по биохемија, објави телевизијата Алфа.

ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен или заменик министер за финансии ја предлага Гордана Димитриеска Кочоска, Магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј.

За заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство го предлага Цветан Трипуновски, дипломиран земјоделски инжинер, а за заменик министер за информатичко општество и администрација актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски, која е Магистер по Европско право и право на Европска Унија.

Како што е веќе познато за технички министер за внатрешни работи од партијата го предложија Драган Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можно ли е одложување на изборите поради оспорувањето на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи?

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Затвореник во Идризово вршел измами преку мобилен телефон

Редакција

Од Газа евакуиран и брачниот пар од Македонија

Редакција

Cyber Monday: Букирајте лет со „Виз ер“ и добијте 25% попуст

Редакција