еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Божиќен концерт на 6. јануари на плоштад „Македонија“ во Скопје

Божиќен концерт со Златните славејчиња и македонските поп-ѕвезди Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Пере (Нокаут) ќе се одржи на 6. јануари (сабота), со почеток во 11 часот на плоштад Македонија во Скопје.

За секое дете што ќе дојде, организаторите, Бадникови поворки, најавуваат дека ќе има Златна божиќна ѕвезда.

„По краткиот концерт, ќе ја оформиме најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост ќе се упатиме кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде што традиционално сите коледарчиња ќе бидат пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

И во сите останати градови и населени места во Македонија, на 6. јануари ќе ечи „Вечниот Бог“. Децата како симбол на Ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање,“ велат од Бадникови поворки.

Фото: Фејсбук/Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ги повика бугарските политичари на воздржаност од предвремени пресуди за нападот на копретседателот на бугарскиот клуб “Шемето“

Редакција

За 275.000 евра продадени 3.000 акции од Комерцијална банка во две блок-трансакции

Редакција

Петков: Историската комисија дојде до напредок за важни историски личности, оптимист сум за целиот процес

Редакција