еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јотова дошла за Задушница, новинарите ја прашаа дали ќе оди и во Солун да чествува за загинатите бугарски војници таму

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова синоќа пристигна во Битола, а како што најави нејзиниот Кабинет таа денеска ќе присутвува на воено-црковен ритуал на бугарските воени гробишта во селото Цапари, каде за време на Првата светска војна биле погребани 214 бугарски војници и офицери.

Вчера македонските новинари ја прашаа дали потоа ќе продолжи за Грција и таму да чeствува на бугарските воени гробишта во Солун, а Јотова рече оти и таму ќе имало бугарска делегација.

Таа, според нејзиниот Кабинет ќе присуствува и на отворањето на изложба „125 години бугарско дипломатско претставување во Битола“ и на промоција на книгата „Досието ‘Галичица’ и скршената судбина на Панде Ефтимов“.

Според најавите таа ќе посети и ловечка куќа во ресенското село Евла, која е дел од проектот „Бугарски ловни традиции од времето на цар Самоил до денес“, кој е финансиран од меѓународни фондации.

Јотева во Битола дојде на денот на ослободувањето на градот од германско-бугарскиот фашистички окупатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР „загрижено“, оти Македонија донесе закон со кој забранува здруженија да користат имиња поврзани со фашизмот

Бугарската потпретседателка денеска во Битола, на денот на ослободувањето на градот од германско-бугарската фашистичка окупација

Фото: Фејсбук/Јотова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свети Наум, Свети Климент и цар Самуил ќе ги славиме заедно со Бугарите

Редакција

Ќе имате увид во своето медицинско досие: Презентирана апликацијата „Мое здравје“

Редакција

Зуди Енузи Кока нов директор на МЕПСО

Редакција