еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци преку изјава за МИА се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже.

Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

– Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, рече мајката.

Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.

-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа, раскажа мајката со многу емоции.

Со трансплантацијата, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент.

– Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Верица го продолжи животот на син ми, вели таткото на момчето кому му беше трансплантирано срце

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

Досега спаси 3 животи: Бубрег од 21-годишната девојка-донор успешно трансплантиран кај 27-годишно пациент

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Падна платформата за онлајн настава, МОН тврди дека се тестира

Редакција

Уапсени се сите осум лица за упадот во М-НАВ

Редакција

Еден од најдобрите слаткари во светот, Италијанецот Федерико Анцелоти доаѓа во Скопје

Редакција