еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Доктор Софијанова: И во други градови има зголемен број на деца со горно-респираторна симптоматологија

Екипа од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводена од доктор Аспазија Софијанова, денеска, по бараната лекарска помош за дечињата со респираторни инфекции, пристигна во Општата болница во Гевгелија да изврши дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика и подршка на локалните педијатри.

– Не само во овој регион,туку и во други градови има зголемен број на деца со горнореспираторна симптоматологија. Доаѓаме со комплетна опрема за да земеме цел респираторен панел и точно да утврдиме дали се работи за вирус, мутација на вирус или некој вид на паразит, но тоа ќе го знаеме откако ќе направиме прелиминарен увид во клиничката слика на дечињата, во дијагностиката што ја носиме со себе и дијагностиката што вчера ја направиле колегите од Гевгелија, рече Софијанова.

Директорот на болницата во Гевгелија, Митко Крџев рече дека денеска се хоспитализирани само две дечиња на одделението во гевгелиската болница, мал дел биле препратени во Скопје, и дека 20 дечиња се на терапија, но не се задржани во болницата.

Началничката на детското одделение во Гевгелија, Љупка Урумова нагласи дека дечињата се на возрат од 2 до 5 години, дека воглавно доаѓаат од градинки за што потврда е намалениот број на деца во градинките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заспаниот имунитет“ една од можните причини за респираторни инфекции на 50 деца во гевгелиската болница, каде што тим на лекари ќе испитува

Болните деца во Гевгелија се негативни на Ковид-19, ќе се испитува што ја предизвикало инфекцијата, вели Филипче

МИА/Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мода од Свети Николе ги објави примањата на Одборот на директори

Редакција

„Крафтинг груп“ го доби тендерот на ЈП за одржување патишта за набавка на боја вреден 2,4 милиони евра

Редакција

Срце и бубрег ќе бидат трансплантирани од млада пациентка, на која и е дијагностицирана мозочна смрт

Редакција