еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Пристигна донацијата од Грција, 100.000 вакцини „АстраЗенека“, кои ќе се аплицираат на лица над 60 години

Денес пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот „АстраЗенека“ од нашиот сосед Република Грција, информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

„Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија.

Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините.

Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација. Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат,“ напиша Филипче.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 должници на Листата на УЈП

Редакција

Нови 1.402 случаи на Ковид-19 од 3.978 тестирања

Редакција

Клиниката за гинекологија вработува 38 лица, плата до 24.000 денари

Редакција