еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кинески научници: Ковид-19 ја намалува плодноста кај мажите, закана за уништување на човештвото

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти од заразата со Ковид-19 врз плодноста кај мажите, поради бројни докази за намалена подвижност на сперматозоидите, помал број на сперматозоиди и оштетување на тестисите, и велат дека вирусот се заканува да го уништи човештвото и откако ќе заврши пандемијата.

„Сметаме дека е потребно итно следење на состојбата кај машки пациенти заразени со коронавирус за време на закрепнувањето“, велат микробиологот Ју Тијан и репродуктивниот биолог Ли-куан Жоу.

САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во голем број витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата.

Ова ги остава подложни на значителни оштетувања, бидејќи вирусот таму се населува и почнува неконтролирано да се размножува.

Рецепторот на ензимот се наоѓа во респираторниот, дигестивниот, циркулаторниот, невролошкиот и потенцијално дури и во машкиот репродуктивен систем. Прелиминарните студии утврдија присуство на вирусот во примероци на сперма од пациенти со Ковид-19.

Истражувачи од германски и ирански универзитети известуваат за директни докази за оштетување на тестисите по зараза со коронавирусот. Тие откриле маркери на воспаление во примероци од ткиво на 84 пациенти со Ковид-19 од вкупно 189 примероци.

Тимовите го тестирале квалитетот на спермата и барале знаци на оксидативен стрес кај пациентите. Откриле дека воспалението и клеточниот стрес се двојно посилни кај пациенти со Ковид-19 од контролната група.

Загрижувачки е што сперматозоидите на заразените пациенти се три пати побавни, а бројот на сперматозоиди исто така бил драматично помал.

„Овие ефекти врз клетките на спермата се поврзани со понизок квалитет на сперматозоидите и намален потенцијал на плодност“, изјави шефот на тимот, Бехзад Хаџизаде Малеки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објектите да се проверат дали се подготвени за грејната сезона, повикуваат од ЕСМ

Редакција

Голема акција: Кривични пријави за 20 физички лица и 15 фирми за даночно затајување

Редакција

Патната инфраструктура и сообраќајната некултура ги „заглавија“ граѓаните на Попова Шапка

Редакција