еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Патната инфраструктура и сообраќајната некултура ги „заглавија“ граѓаните на Попова Шапка

Почетокот на ски-сезоната привлече голем број скијачи и посетители на Попова Шапка, па поради тоа се создоа колони со возила и за пристигнување и за заминување од скијачкиот центар.

Жител на Тетово сведочи дека дури не ни отишол на Попова Шапка поради тоа што премногу далеку имал можност да го остави возилото.

„Околу 9 часот и 30 минути пристигнав на пет километри до Попова Шапка. Полицијата не дозволуваше да се продолжи поради премногу возила и немање паркинг. Ми рекоа дека може само пеш да се продолжи. Одлучив да се вратам дома во Тетово, бидејќи не сакав да пешачам пет километри со мали деца,“ вели жителот на градот.

Од полицијата сметаат дека колоните и чекањето за пристигнување и враќање се должат на огромниот број возила и недоволно паркинг места за нив.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово вели дека во пресрет на официјалното отворање на новата скијачка сезона на Попова Шапка на 22 и 21 јануари полицијата ги презела сите неопходни мерки.

-СВР Тетово целосно го покри регионалниот пат Тетово-Попова Шапка со поголем број полциски службеници и возила. Меѓутоа, неадекватниот капацитет на коловозот за толку голем број возила (проценка од 8 до 10 илјади), дополнително стеснет од снегот лево и десно, ја намалија сообраќајната проточност на овој потег.

Покрај тоа, евидентен беше и недостигот на простор за паркирање, а проблем направија и многу возила оставени на несоодветни места, нестрпливоста на возачите и недисциплинираното однесување на не мал број возачи, поради што се создаваа мешаници и бавен проток на возилата во едната и другата насока,“ изјави Јосифоски.

Изминатава недела повеќе денови имаше врнежи од снег, па имаше доволна снежна покривка од над 50 сантиметри за да се обработаат патеките и да може да се скија. Скијачите имаат прилика да го користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ски-центрите Маврово и Попова Шапка започнуваат со работа денеска, снежните врнежи ја „задоцнија“ сезоната

МИА/Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнестирани и Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски 

Редакција

МВР влезе во МНТ: Се истражува работењето на раководството предводено од Дејан Пројковски

Редакција

Бугарското вето за Македонија е и вето на европската политика на Балканот, оцени Димитров на „Отворен Балкан“

Редакција