еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ски-центрите Маврово и Попова Шапка започнуваат со работа денеска, снежните врнежи ја „задоцнија“ сезоната

Недостатокот на врнежи од снег, ја „задоцнија“ сезоната на отворање на ски-центрите кај нас и во Европа.

Но за среќа, викендов има обилни врнежи од снег на планините, па оттука, и конечен почеток на ски-сезоната, чија што должина на траење ќе зависи од временските услови.

„Дали ја подготвивте својата опрема за скијање? Снег паѓа со голем интензитет! Екипите на Ски центарот работат на подготовка на што повеќе ски лифтови. Ски центарот започнува со работа недела, 22 јануари 2023 година. Се гледаме во Маврово,“ информираа од Ресорт Маврово.

Денеска почнува и скијачката сезона на Попова Шапка, откако изминативе десетина дена наврнаа потребните 30-40 сантиметри снег за да може да се подготват патеките.

Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.

Скијачите ќе имаат прилика да ги користат сите четири ски лифтови Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.

Фото: Инстаграм/Ресорт Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар се удави во Радика, откако нивниот автомобил излетал од патот

Редакција

Почина 16-годишното момче кое грчки полицаец го застрела во главата, оти не платило сметка за бензин

Редакција

(Фото) Македонија подготвена за Европското ракометно првенство

Редакција