еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците ќе преговара со Владата, одлучи централното раководство на партијата

Централното раководство на Алијанса за Албанците (АА) ќе преговара со Владата. Наредниот период ќе се одлучува, а комисија ќе преговара дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата или ќе остане опозиција, соопштија денеска по завршување на централното собрание од АА.

Тим на Алијанса на Албанците наредниот период, ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата, или ако се продолжи повеќе, евентуално да се прекинат и да се донесе конечна одлука.

Претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија, дел од членовите биле за, некои против, централното претседателство, раководството на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.

„Централното собрание го овласти централното раководство на Алијанса за Албанците евентуално да одлучи понатаму да има официјална екипа којашто ќе разговара следните шест-седум дена до максимум две недели за евентуално вклучување на Алијанса за Албанците во Владата или ако тоа продолжи повеќе евентуално да прекине и да донесе конечна одлука,“ изјави Таравари.

Комисијата ќе се бира на првиот состанок, во текот на наредната работна недела, а дотогаш централното претседателство ќе избере комисија која ќе ги почне преговорите.

„Имаше плодна дискусија. Имаше членови коишто мислат дека е добро да се направи поинакво владеење, да се покаже каков капацитет за владеење има Алијанса за Албанците, а имаше и членови на централното собрание коишто мислеа дека треба да се продолжи со опозитаризмот, така што не овласти како централно претседателство сега да ја донесеме конечната одлука.

Таа комисија ќе ја избира централното претседателство. Се надевам дека таа ќе се избере на првиот состанок што ќе го има во тек на оваа недела што е пред нас,“ изјави Таравари.

На централното собрание не се зборувало за кадровски решенија, туку на што треба да внимава и да инсистира Алијанса доколку биде дел од Владата

„Да, тогаш централното претседателство ќе избере комисија што официјално ќе започне преговори и ќе видиме, ќе констатираме на централно претседателство дали да се продолжи или да се прекине тотално. Имаше дискусија, беше плодна дискусија. Меѓутоа за кадровски решенија воопшто не зборувавме. Повеќе за програмскиот дел на што треба да внимава и да инсистира Алијанса доколку биде дел од Владата,“ кажа Таравари.

Фокусот на партијата останува антикорупцијата и правна држава.

„Имавме предлог-мерки за антикорупција и правна држава, да се донесат закони за ветинг на судии и обвинители, потоа има и други работи коишто не би сакал сега да ги нагласам, меѓутоа овие се главните работи. Значи, нашиот фокус ќе бидат антикорупција и правна држава,“ изјави Таравари.

Претходно, беа избрани членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците.

За претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијанса, Зијадин Села, за генерален секретар Кренар Лога, а за организациски секретар, Исен Шабани.

Едно место е оставено за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот.

За потпретседатели се избрани Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрани раководните тела на Алијанса за Албанците, одлуката за преговори со Влада, допрва ќе се разгледува

МИА/Фото: Фејсбук/АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев верува дека со Бугарија ќе се договориме и за Гоце Делчев

Редакција

СДК: Голем број финансиски друштва вмешани во масовен грабеж преку брзи кредити со украдени податоци, 65 пријави во МВР за 7 месеци

Редакција

Просечната каматна стапка на нови кредити на историски најниско ниво

Редакција