еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Почина 16-годишното момче кое грчки полицаец го застрела во главата, оти не платило сметка за бензин

Денеска во 10:10 часот по грчко време, во болница во Солун, почина 16-годишното момче од ромска националност, кое од грчки полицаец беше застрелано во глава, бидејќи не платило сметка од 20 евра за бензин, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно: Состојбата на 16-годишно момче кое полицијата го застрела во глава поради неплатена сметка за бензин останува критична, еМагазин на лице место

Полицаецот, кој пукаше во момчето минатата недела беше изведен пред истражен судија во Солун.

Како што објавија грчките медиуми, тој рекол дека дејствувал во самоодбрана, поради опасноста во која биле неговите колеги кога малолетниот возач се обидел да ги удри со својот автомобил.

Во однос на истрелите посочил дека нишанел ниско кон гумите, а не кон возачот.

Полицаецот е во домашен притвор, а дополнително ќе биде одлучено дали ќе биде пренесен во затвор.

Инцидентот предизвика серија од насилни протести во Солун и Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Планот за продажба на резерви на Меѓународната агенција за енергетика, ги намали цените на нафтата на 100 долари

Редакција

Границата со Грција останува затворена до 15 јуни

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција