еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Планот за продажба на резерви на Меѓународната агенција за енергетика, ги намали цените на нафтата на 100 долари

Цените на нафтата денеска се намалија на 100 долари на меѓународните берзи, откако членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавија детали за продажба на 120 милиони барели од стратешките резерви, со цел да се подобри снабдувањето.

На лондонската берза цената на барел нафта во попладневните часови беше за 30 центи пониска од претходното затворање и изнесуваше 100,28 долари. На американската берза со барел се тргуваше по речиси непроменета цена од 95,99 долари.

Трговците денеска се фокусираа на деталниот план на членките на ИЕА за продажба на 120 милиони барели нафта од стратешките резерви во следните шест месеци. Како дел од иницијативата на ИЕА, САД ќе пласираат 60 милиони барели на пазарот и уште 120 милиони барели одделно.

Аналитичарите на американската инвестициска банка ЈП Морган сметаат дека продажбата на нафта од резервите „на краток рок многу ќе помогне“ за да се компензира трајната загуба од, како што проценуваат, еден милион барели руска нафта дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 322 случаи на Ковид-19 од 2.246 тестови, 42 се реинфекции

Редакција

Во Грција ќе може да патуваме од 14 мај со негативен ПЦР тест или со потврда за вакцинација

Редакција

Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција