еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Почна процедурата за смена на Каили од потпретседателското место во Европскиот парламент, Катар негира инволвираност во скандалот со корупција

Шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница, откако таа беше уапсена во корупциски скандал поврзан со Катар, изјавија извори за ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

На Ева Каили, суспендираната потпретседателката на Европскиот парламент и членови на нејзиното семејство им го замрзнаа имотот

Каили (44) веќе е суспендирана од должноста потпретседател на Европскиот парламент по нејзиното апсење поради обвиненијата за корупција во петокот.

Конечната одлука за смена на Каили од функцијата треба да ја одобри двотретинско мнозинство од пратениците на ЕУ. Гласањето може да се одржи уште денеска.

Каили и уште тројца се уапсени под обвинение за учество во криминална организација, перење пари и корупција, според белгиското обвинителство.

Четворицата осомничени се обвинети дека влијаеле на одлуки на Европскиот парламент во корист на Катар во замена за пари и подароци. Катар ги негира наводите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гркинката Ева Каили, потпретседателката на Европскиот параламент, која е уапсена за корупција и перење пари

МИА/Фото: Министерство за труд на Катар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден ден по склучениот договор за извоз на жито, Украина ја обвини Русија за гранатирање на пристаништето Одеса

Редакција

Огуз Ерујгун е нов генерален менаџер на хотел Мериот, кој одбележува шест години постоење

Редакција

Филипче: Треба време за граѓаните да ја вратат довербата во здравството

Силвана Жежова