еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Еден ден по склучениот договор за извоз на жито, Украина ја обвини Русија за гранатирање на пристаништето Одеса

Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги „плукна в лице“ Обединетите нации и Турција со гранатирањето на Одеса и најави дека Москва ќе сноси „целосна одговорност“ за неуспехот на Договорот за извоз на жито потпишан вчера во Истанбул.

– Со истрелување проектили врз пристаништето Одеса, Путин им плукна во лице на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои вложија огромни напори да го постигнат овој Договор, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Украинската армија денеска соопшти дека руски ракети погодиле инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

Нападот се случи еден ден откако Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на пристаништата на Црно Море и продолжување на извозот на жито.

– Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети. Силите за воздушна одбрана соборија два проектила, а два ја погодија инфраструктурата на пристаништето, објави на Телеграм украинската Оперативната команда Југ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија, Украина и Турција се договорија за извозот на украинското жито

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран и Вице Заеви регистрираа Фондација Заев – едно општество за сите

Редакција

Евреите во Македонија згрозени и навредени од името на бугарскиот клуб во Битола

Редакција

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Редакција