еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Евреите во Македонија згрозени и навредени од името на бугарскиот клуб во Битола

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите, информираат од таму.

“На 16.04.2022 година, Шабат и прв ден Песах, ден кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта – премиерот Кирил Петков, потпретседателот на државата Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешниот министер за надворешни работи Захариева, и други, официјално го отворија бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Адолф Хитлер.

Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со којшто се загрозува мултикултурализмот.

Класичен пример за непочитување и искривување на историјата. Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98% од еврејската популација во тоа време.

Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија.

Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Ние, наследниците на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваме ваквите појави и бараме итно и неодложно:

– Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон.

– Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите.

– Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна.

– Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р. Бугарија.

Ние, Евреите од Република Северна Македонија, како и бројни македонски граѓани, имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба.

Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис III и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на взаемна почит, пријателство и доверба.

Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината“, стои во соопштението на Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија

Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со изедначена политика во однос на тестовите

Редакција

Обвинителство се уште не го добилo извештајот од Судска медицина за Вања Ѓорчевска

Редакција

Почина 17-годишна кавадарчанка од Ковид-19, во Кавадарци 14, во Неготино 5 нови случаи

Редакција