еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија

На неколку дена пред 9. Мај, кога светот ја слави победата над фашизмот, Бугарија, членката на Европската Унија во Македонија отвори клуб со името на Ванчо Михајлов, за кого и врапчињата знаат дека бил фашист и жесток негатор на Македонците, познат по синтагмата „македонистички говеда“.

Бугарите секако можеа да избераат и некое друго име, кое ќе ги зближи двата народи, или да го крстат „Пријателство“, како што ние го прекрстивме автопатот до Грција, но со овој чин уште еднаш покажаа дека нивната цел не е пријателство (никогаш не ни била), туку провокации и негирање на македонската нација и остварување на великобугарските аспирации.

Па дури и цела делегација, среде Битола, дојде да ни го каже тоа.

Падна маската и на премиерот Кирил Петков, кој се преставува како визионер и како некој кој гледа во иднината и се преставува како пријател на Македонија. За другите кои го придрижуваа одамна ни е јасно кој се и што се.

Просто е неверојатно што членка на Европската Унија се уште се служи со вакви мрачни провакции во 21 век, а истата таа Унија го дозолува тоа. Срамота и за Бугарија и за ЕУ.

Срамота и за македонските власти кои ја дозволија оваа провокација. Уште има бројни живи сведоци за тоа што низ Македонија правеа Бугарите за време на Втората светска војна (и порано), кои застанаа на страната на фашизмот.

И има живи Македонци кои живеат во Бугарија, кои само источниот сосед неможе да ги види, кои ни здружение неможаат да основаат, а камоли нешто друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Навреда на македонското национално достоинство“: Сојузот на борците за отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Добрососедство не се гради со оживување на едно мрачно минато, вели за отворањето на клубот “Ванчо Михајлов“ градоначалникот на Битола

„Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен“, проф. Дескоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жените во Македонија се уште се срамат да побараат помош за неволно испуштање мокрача и гасови

Редакција

Студија: 11% од израелските деца кои се заразиле со коронавирусот сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“

Редакција

Од Ковид-19 почина здравствена работничка од Битола

Редакција