еМагазин
Image default
Македонија

Почина 17-годишна кавадарчанка од Ковид-19, во Кавадарци 14, во Неготино 5 нови случаи

Еден случај со Ковид-19 има во Дневниот центар за лица со посебни потреби Кавадарци, а во изолација се пет вработени и осум штитеници. Една негувателка од градинка е позитивна на Ковид-19, а во изолација се 14 деца и двајца вработени.

Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Позитивен на Ковид-19 е и еден медицински работник во Кавадарци.

Во изминатите 24 часа во Кавадарци се потврдени 14 нови случаи на возраст од 25 до 59 години, во Росоман два случаја на возраст од 24 до 67 години, во Неготино пет случаи на возраст од 23 до 73 години, при што едно 73-годишно лице е хоспитализирано.

Почината е 17-годишна кавадарчанка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајцата браќа од Кавадарци кои починаа од Ковид-19 имале апластична анемија

Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски ученици со часови чекаа на српско-унгарската граница поради зголемен сообраќај

Редакција

МВР со детали за сообраќајката на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски

Редакција

865 нови случаи на Ковид-19 од 2.889 тестирања, во Скопје 330

Редакција