еМагазин
Image default
Македонија

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа тројца пациенти, најмладиот има 38 години

Работници во неколку штипски конфекции, двајца наставници од училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се позитивни на коронавирусот, со што од денеска во изолација се 45 ученици од вторите одделенија во овие две училишта.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов вели дека вирусот се шири и меѓу вработени во државните и локалните институции, а според информациите на епидемиолозите на Центарот за јавно здравје пациентите се сомневаат дека се заразиле надвор од работното место, при семејни или пријателски контакти.

Поради поголем број на заразени, но и во изолација општините почнаа и да работат во две смени.

Миланов вели дека засега немаат проблеми при тековното работење на општинската администрација.

-За жал имајќи го во предвид растечкиот тренд на новозаразени со овој вирус проблеми се очекува да има и ќе биде многу неодговорно ако кажам дека ќе нема. Но, сега засега функцираме и работата на институциите не е доведена во прашање.

Сите институции функционираат можеби со намален интензитет, со одредени проблеми во работата. Меѓутоа функционираат и се надевам дека така и ќе остане и покрај овој растечки тренд, вели Миланов.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во изминатото деноноќие на Инфективното одделение починале тројца пациенти, а најмладиот е 38 годишен жител на Виница.

На ова одделение денеска се лекуваат 45 пациенти, од кои 20 на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се сместени седум пациенти. 

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100.000 вакцини „Фајзер“ ќе стигнат на 28 јуни, а до крајот на месецот и 500.000 дози на „Синовак“

Редакција

Ангеловска можела да знае податоци за Еуростандард банка, но нема кривична одговорност, порачаа од Антикорупциска

Редакција

(Фото) Се вакцинирав како политичар, но ви се обраќам како доктор, вели Османи откако се вакцинираше против Ковид-19

Редакција