еМагазин
Image default
Македонија

100.000 вакцини „Фајзер“ ќе стигнат на 28 јуни, а до крајот на месецот и 500.000 дози на „Синовак“

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 100.000 вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс системот ќе стигнат на 28 јуни, а до 30 јуни и 500.000 дози на „Синовак“.

„На крајот на следната недела се очекуваат овие големи количини да пристигнат, за неделата потоа значајно да се забрза процесот на вакцинација.

Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се близу 180.000 ќе добијат термин да се вакцинираат.

За после тоа да ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место“, изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Никој не врши притисок врз историската комисија, ниту пак таа врши некакво предавство, вели Тодоров

Редакција

Нови 153 случаи на заразени од корона вирусот, најмногу во Скопје

Редакција

„Траекторија“: Пешевски го советувал Јанакиески да одберат градежна компанија од Кина

Редакција